недела, 8 декември, 2019
Читај » СВЕТ » Српската војска и полиција тргнаа кон Косово, Вучиќ ги крена и борбените авиони

Српската војска и полиција тргнаа кон Косово, Вучиќ ги крена и борбените авиони

Забележано е движење на српската војска и полиција кон Косово, а во касарната на Војската на Србија во Краљево е забележана активност на оклопни возила, јави РТС.

Косовската полиција објави дека девет полицајци уапсени на северно Косово биле однесени во Приштина во зградата на полицискиот инспекторат на Косово.

Се потсетува дека во полициската акција се уапсени граѓани од албанска, српска и бошњачка националност.

„Полициската операција во неколку региони, вклучувајќи ги Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица, Јужна Митровица и Дренас, резултираше со апсење на неколку осомничени граѓани и полицајци“, рече косовската полиција.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја повика српската влада да „не ги поткопува напорите на Косово за борба против организираниот криминал“.

Коментари

коментари