Читај » ЗАБАВА » После големата драма, Тамара со прва порака – еве што порача

После големата драма, Тамара со прва порака – еве што порача

Заврши уште едно издание на спектакуларно евровизиско шоу, оваа година одржано во Тел Авив. Со победа си замина Холандија.

Она што на сите им ги наполни срцата е високиот пласман на Тамара според гласовите од земјите, која долго време се бореше за првото место со Шведска и Италија во табелата.

Сепак, со гласовите од публиката, работите брзо се променија и Шведска и Холандија се бореа за првото место, кое го освои Холандија.

Македонија никогаш не доживеала толку голем успех, а фановите до последен момент со нетрпение ги пратеа гласовите. Тамара освои 8-мо место со 295 гласови.

Радост која веројатно не се ни надевавме дека ќе ја искусиме, додека не ја видовме нашата земја на врвот од листата со бодови. Се поклонуваме пред тоа што го остави срцето на сцена!

Со вкупно 482 освоени поени, убедлив победник за 2019-та беше – со песната Arcade.

По крајот на сите случувања, Тамара преку фејсбук упати јасна порака: Фала ви. Ве сакам!

Коментари

коментари