Читај » ЗАБАВА » Индекс.хр: Го имаме победникот, Македонката растури на Евровизија

Индекс.хр: Го имаме победникот, Македонката растури на Евровизија

Хрватскиот портал „Индекс.хр“ ја прогласи Тамара Тодевска за победник на Евровизија.

Иако финалето се уште трае, „Индекс.хр“ миѓува дека македонската преставничка поминала одлично кај публиката

„Песна што праќа порака до сите жени да бидат посебни и горди, може да помине одлично во Европа“, пишува „Индекс.хр“.

Салата на „Експо центарот“ во Тел Авив се тресеше од аплаузите со кои публиката за време на изведбата ја награди нашата Тамара Тодевска додека ја пееше „Proud“, песна која дефинитвно не направи сите горди. Социјалните мрежи се вжештија од комплиментите на колегите на Тамара, кои цело време и даваат безрезервна поддршка.

Атмосферата беше слична и во Прес-центарот, каде припадниците на седмата сила со бурни извици и ракоплескање реагираа на нејзината брилијантна изведба, посигурна и пораскошна од онаа во полуфиналето.

Реагираат и порталите во опкружувањето, а на index.hr се појави и наслов: „Веќе ја имаме победничката, Македонката растури во финалето“.

Да се надеваме дека вечерва и публиката и жирито ќе бидат на наша страна.

До крајот на шоуто има уште десетина песни, а меѓу фаворитите се и: Норвешка, Шведска, Швајцарија, Русија,а доста емотивен настап имаше и претставникот на домаќинот Израел.

Коментари

коментари