Читај » МАКЕДОНИЈА » Почнаа да се објавуваат „бомби“ од Будимпешта: Ова е само почеток, прва од новиот сет бомби
фото

Почнаа да се објавуваат „бомби“ од Будимпешта: Ова е само почеток, прва од новиот сет бомби

На руската социјална мрежа „ВКонтакте“ вечерва корисникот со псевдонимот „Илија Громовник“ објави нов прислушуван разговор, во кој тврди дека се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски. На профилот стои дека моменталната локација му е Будимпешта и најавува дека ова е прва од новиот сет „бомби“.

Корисник со истиот псевдоним пред еден месец објави четири телефонски разговори насловени како: „Оливер и Гордана“, „Кочо и Саше“, „Фрчко и Алберт Муслиу“, и „БЦ и Дамјан Манчевски“.

Според Законот за заштита на приватноста донесен во 2015 година, објавувањето на вакви разговори е противзаконски.

Коментари

коментари