Читај » СЛАЈДЕР » Откако ги победија во Купот на Македонија: Вардар на лето ќе купува од Металург

Откако ги победија во Купот на Македонија: Вардар на лето ќе купува од Металург

Во изминатите денови доста актуелна тема е ракометниот клуб Вардар. Ќе си оди, па не си оди Самсоненко, ќе остане ама како ќе остане или сепак целосно ќе е повлече. Од сите страни стигнуваат различни вести, но сите водат кон едно, а тоа е дека „црвено-црните“ ќе опстанат.

Главните конци во сета операција за спас на Вардар ги влече почесниот претседател Михајло Михајловски. За воља на вистината голем дел од носителите на играта кај Вардар веќе си најдоа и потпишаа за нови клубови.

Па така за следната сезона ќе мора да бидат ангажирани поголем дел ракометари. Секако иститие ќе бидат далеку поефтини, а информациите велат дека тоа ќе бидат и домашни, македонски ракометари.

Вардарци веќе фрлиле око на неколку актуелни членови на Металург и нема да биде изненадување доколку на лето од Автокоманда се преселат некои ракометари.

Впрочем во таа насока оди и првото обраќање на Михајловски кој спомена дека планира да ангажира 5-6 домашни ракометари, репрезентативци.

Коментари

коментари