Читај » МАКЕДОНИЈА » Зоните се полнат со уште 15 нови фабрики и инвестиции од најмалку 100 милиони евра

Зоните се полнат со уште 15 нови фабрики и инвестиции од најмалку 100 милиони евра

Во осум оперативни технолошко индустриски развојни зони на седум локации во земјава во фаза на изградба се вкупно 15 нови фабрики. Властите преговарале со уште три странски компании кои допрва треба да потврдат дали ќе инвестираат во земјава, а две компании почнуваат да работат како браунфилд инвестиции надвор од зоните. Според проценките, се очекува да инвестираат најмалку 100 милиони евра и да отворат околу 5.500 работни места. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, вели дека е оптимист и очекува годинава приливот на странски инвестиции да биде околу 5% до 6% од бруто домашниот производ, што би било над 600 милиони евра. Капитал анализира кои компании ќе инвестираат во земјава, колку пари ќе инвестираат и колку работни места ќе отворат?! Кои се главните забелешки на инвеститорите за водењето бизнис во земјава и колку власта има слух да ги адресира овие проблеми?!

15 нови фабрики се градат во технолошко индустриските развојни зони, а се преговара со уште три компании кои набрзо треба да донесат конечна одлука да инвестираат во земјава, велат од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони. Според проценките, вкупната инвестиција на овие компании во следните неколку години ќе биде најмалку 100 милиони евра, а бројот на работни места се очекува да се зголеми за над пет илјади само годинава, како во постојните фабрики коишто го прошируваат производствениот капацитет, така и во неколкуте нови што треба да почнат со работа.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, вели дека е оптимист и очекува годинава приливот на странски инвестиции да биде околу 5% до 6% од бруто домашниот производ, што би било над 600 милиони евра.

„Само овие петнаесетина странски компании коишто имаат потпишано договори за изградба на фабрики во некоја од зоните, ќе внесат странски капитал за изградба на капацитетите, ќе внесат машини и опрема, обртен капитал за да почнат со работа и сето тоа допрва ќе го видиме низ статистички податоци како зголемување на странските инвестиции. Освен тоа, има уште неколку крупни проекти на странски компании што одлучија да инвестираат надвор од зоните, па тоа ми дава основа да бидам оптимист кога станува збор за приливот на странски инвестиции годинава“, вели вицепремиерот Анѓушев.

Од овие компании кои засега Владата можела да ги комуницира со јавноста, најголема е инвестицијата на германската Герешајмер, која првично најавила инвестиција од околу 80 милиони евра во фабрика за амбалажа за медицинска и фармацевтска индустрија. Компанијата планира да отвори до 500 работни места во следните неколку години.

Во завршна фаза се фабриките на американската компанија Дура, која во зоната Скопје 2 ќе произведува надворешни трим делови за автомобилската индустрија, и притоа планира да вработи до 500 луѓе; како и швајцарската компанија Баумер која најавила дека ќе отвори 200 работни места во капацитет за производство на сензори, декодери и други електронски компоненти.

Од другите странски инвестиции, турската компанија Џагатај Кабло веќе инвестирала околу 4 милиони евра во фабрика за електрични инсталации и има 100 вработени во моментов, додека пак компанијата ВИК од Германија во зоната во Прилеп за производство на апарати за домаќинство има над 200 вработени а најави максимален број на 1.000 вработувања по неколку години со заокружување на инвестиција од 12 милиони евра.

Целиот текст прочитајте го на КАПИТАЛ.мк

Коментари

коментари