Читај » МАКЕДОНИЈА » Ново прекрасно изненадување, Зоолошка наскоро добива нови „жители“ – еве кои

Ново прекрасно изненадување, Зоолошка наскоро добива нови „жители“ – еве кои

Зоолошката градина во Скопје се подготвува за пристигнувањето на мајмунот Коко и прославата на 93-тиот роденден. Наскоро ќе добие и нови жители најавува директорот Ѓорѓи Галетановски.

Рекордот на посетеност се руши од ден во ден. 18 000 посетители дневно доаѓаат во ЗОО, а за викенди има и по 10 роденденски прослави. Во просек дневно се трошат околу два тона храна.

Колку е посетена зоолошката дневно?

Со сите активности и новитети кои ги направивме, како и разубавувањето на Зоолошка градина Скопје, успеавме да ги срушиме сите рекорди на посетеност во историјата на оваа јавна установа. Со бројки кои се движат и над 15 000 посетители за викенд и со рекорд од 18 000 посетители во еден ден, ЗОО Скопје е најпосетена институција во државата. Со доаѓањето на новите животни, очекуваме уште поголема посетеност.

Кои се новитетите?

Ги исчистивме езерата кои повеќе од 13 години не беа воопшто чистени. Го уредивме хортикултурно просторот околу нив, а имаме и нови игралишта за деца. Вработените заедно со волонтери пролетва насадија над 500 нови садници- дрвца, цвеќиња и растенија.

Поставивме информативни таблички, патокази, асфалтиравме патеки, поставивме над 200 канти за отпадоци и нови клупи, изградивме и два нови тоалети. Хигиената во Зоолошката е подигната на највисоко ниво. Ги правиме последните подготовки за доаѓањето на Коко и пријателите, започнува изградбата на живеалиште за фламинга, а во очекување сме да пристигнат и нови животни- еланд антилопи, зебри, лавици, белоносести коати…

Подобрени ли се условите за животните?

ЕАЗА ( Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми) има строги критериуми кога се животните во прашање. Под нивно менторство постојано работиме на подобрување на условите со реновирање на постојните живеалишта, како и збогатување на реквизитите за анимација и интеракција на животните.

Целото интервју на ТОЧКА.ком.мк

Коментари

коментари