Папата Фрањо ја почна првата посета на Македонија со средбата со државниот врв во претседателската вила на Водно. Домаќин на средбата што почна со високи државни и воени почести беше претседателот во заминување Ѓорге Иванов, а присутни беа и премиерот Зоран Заев, новиот претседател Стево Пендаровски и делегација од министри во Владата, претставници на политичкиот живот, граѓанското општество и дипломатскиот кор.
Во поздравниот говор Папата рече дека верскиот и етнички соживотот и толеранцијата кои опстојуваат со векови во Македонија е пример, и дека тоа треба да придонесе за што поскора европска интерграција. Го истакна и придонесот на Македонија за помош на бегалците од Блиски Исток кои бегаа од војна во 2015 и 2016.
„Се надевам дека ќе се зачува оваа нишка солидарност која ве одбележа во секое добродетелско служење на оние што немаат“, рече папата Фрањо.
Тој рече дека е пресреќен што ќе има можност да се помоли во спомен-куќата на Мајката Тереза изградена на местото каде што некогаш имало католичка црква.
Претседателот Ѓорге Иванов во говорот го поздрави папата Фрањо, му се заблагодари за посетата и го повика да се вклучи во духовната обнова на земјава „пред да биде предоцна“.
Целиот текст на САКАМДАКАЖАМ.мк