понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Се обратија и од амбасадата на САД за изборите во Македонија – едно нешто едвај очекуваат

Се обратија и од амбасадата на САД за изборите во Македонија – едно нешто едвај очекуваат

Амбасадата на САД му ја честита победата на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија и очекува заедничка соработка со него, со Владата и сите политички партии на патот на земјата кон идно членство во НАТО и ЕУ.

-Амбасадата на САД им честита на граѓаните на Северна Македонија кои го искористија нивното гласачко право на овогодинешните претседателски избори. Му честитаме на Стево Пендаровски за неговата победа на изборите и очекуваме да соработуваме заедно со него и со владата и сите политички партии на патот на земјата кон идно членство во НАТО и ЕУ.

Го поздравуваме прелиминарните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР дека изборите биле компетитивни и дека преку почитување на фундаменталните слободи се овозможил демократски процес. Заклучоците се совпаѓаат и со заклучокот на тимовите на Амбасадата на САД, кои ги набљудуваа двата изборни круга.

Доколку има забелешки за какво било нерегуларности, ги охрабруваме граѓаните, претставниците на граѓанските организации, медиумите, без разлика на политичката припадност, да ги пријават, стои во соопштението од Амбасадата на САД.

Коментари

коментари