понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Многумина се радуваа, иако не ја знаат вистинската причина – познато зошто министерот поднесе оставка

Многумина се радуваа, иако не ја знаат вистинската причина – познато зошто министерот поднесе оставка

Министерот за култура Асаф Адеми се повлекува од функцијата во Владата. Ваквата одлука ја донел во консултација со Африм Гаши лидерот на Алтернатива, партијата од која што и беше предложен за министер. Причина за оставката тврди дека се здравствени проблеми.

Досегашниот прв човек на Министерството за култура вели дека овој негов потег нема никаква врска со најавената “чистка” во Владата и дека ова министерство останува на Алтернатива.

Во однос на претсојниот извештај на ДКСК, која против Адеми отвори случај за непотизам, поради вработување на неговата сестра во ЕЛЕМ, тој рече дека никаде не бега, ќе остане да помага на партијата и секогаш ќе биде достапен на државните органи. Адеми ќе остане запаметен и по реакциите од уметниците по распределбата на средства од годишната програма.

Функцијата Министер за култура Асаф Адеми ја презеде во јуни минатата година, наследувајќи го Роберт Алаѓозоски.

Коментари

коментари