Читај » МАКЕДОНИЈА » Прв голем престап денес: Со мобилен го сликал избирачкиот одбор

Прв голем престап денес: Со мобилен го сликал избирачкиот одбор

Во 14,30 часот, од страна на заменик претседател на Избирачкиот одбор на гласачко место број 2666, во Основното училиште „Златан Сремац“, на подрачје на ПС ОН Кисела Вода, пријавено е дека В. Ч. (31) од Скопје од ходникот со мобилен телефон го сликал избирачкиот одбор.

Од страна на полициски службеници лицето е задржано и во ПС за понатамошна постапка.

Најголема излезност во Крива Паланка, најмала во Желино

Најголема излезност во вториот круг од претседателските избори до 15 часот има во Крива Паланка, каде што на гласање излегле 52,61 отсто од регистрираните избирачи. Најмала излезност, пак, има во Општина Желино, каде што на гласање излегле 9,03 отсто од регистрираните избирачи.

Во првиот круг, во Крива Паланка до 15 часот на гласање излегле 47,22 проценти од регистрираните избирачи, додека во Желино во истиот период гласале 10,06 отсто од гласачите.

Во скопските општини, најголема излезност до 15 часот има во Центар, каде што гласале 39,29 отсто од избирачите, а најмала во Сарај, каде што гласале 16,55 отсто од регистрираните избирачи.

Во првиот круг, во истиот период во Центар на гласање излегле 37,56 отсто од гласачите, а во Сарај 13,15 отсто од избирачите.

Излезноста на ниво на Македонија до 15 часот сега е 30,13 отсто, а во првиот круг била 28,2 отсто.

Коментари

коментари