понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » (ФОТО) Победничката фотографија од скопскиот маратон: Не трчам, бегам од С. Македонија

(ФОТО) Победничката фотографија од скопскиот маратон: Не трчам, бегам од С. Македонија

Според многумина, ова е најдобрата фотографија од Скопски маратон, кој од година во година е се подобро организиран и добива светска популарност.

Виз Ер Скопски маратон ја покажа својата грандиозност. Околу 12.500 натпреварувачи од 58 држави го прославија 15. јубилеј излегувајќи на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон “ЕУ за спорт“ и трката на 5 километри.

Тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје, беше целосно подготвен и ги исполни потребите и барањата на рекордниот број на пријавени.

Маратонската трка од 42км беше исцрпувачка и истата секогаш претставува вистински тест за човечкиот карактер. Првото место на маратонот во машка конкуренција го освои Чалачју Асмама Тируне со 02:15:37, второто Вилфред Кипчирчир Корир со 02:16:54 и третото во машка категорија му припадна на Гетаје Фисеха Гела со време од 02:19:32.

Први три во женска конкуренција беа Јунис Њавира Мучири со 02:33:38, Јулитер Јепчирчир Тануи со 02:35:32 и Наоми Какоко Лимамуреи со 02:38:32.

Кај домашните натпреварувачи на маратонот од машките првите три беа Александар Кираџиев со 02:37:41, Марјан Бонев со 02:43:38 и Кокан Ајановски со време од 02:49:54, а од женските Адријана Поп Арсова со 02:52:52, Билјана Кираџиева со 02:58:15 и Катерина Шиповиќ со 03:20:30. Одличен резултат е тоа што тие успеаја да ја поминат границата од 3 часа што е одличен показател дека со помош на Виз Ер Скопски маратон атлетиката и спортот се надградува и расте во нагорна линија.

Воедно, урнат е рекордот кај женските македонски натпреварувачки со 02:52:52.

Илјадниците тркачи се натпреваруваа да ги надминат сопствените граници. Победник на полумаратонот беше Дарио Ивановски со 01:12:31, Кристијан Стошиќ заврши втор со 01:12:56 и трет беше Милош Ранчиќ со 01:13:19. Од жените во генералниот пласман првите три места ги земаа Зита Кацсер со 01:22:53, Милјана Ристиќ со 01:27:09 и Емилиа Тодоровска Елиас со 01:27:25.

Коментари

коментари