вторник, 22 октомври, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Сиљановска се огласи за Груевски – нејзиниот одговор предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи

Сиљановска се огласи за Груевски – нејзиниот одговор предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи

Канидатката за претседателка, Гордана Силјановска Давкова во вечерашниот дуел на Канал 5 рече дека таа многупати се оградила од владеењето на Никола Груевски.

-Сум се оградила многупати, сум го критикувала. Претпоставувам затоа и не останав во Венецијанска комисија. Но, јас не сум човек коишто го викаат за да коментира, јас избегнувам да висам по телевизии. Сум ја прочитала книгата и сум била на протест на Кежаровски, рече Силјановска.

Силјаносвска повика граѓаните да гласаат за неа бидејќи е роден реформатор.

– Дури и во Европската народна партија ја видоа мојата критика против Груевски и како што гледате не било кој туку господинот Дол вели гласајте за Гордана Силјановска заради правото и правдата. Јас овој пат им велам на граѓаните, крајно време е да гласате за личноста, за некој кој знае барем колку нив или повеќе од нив. Да ставиме крај на просечните, импровизаторите, на оние кои глупат реформи зошто очигледно е дека лани ние прославивме со 180 илјади евра почеток на преговори а тој не доаѓа. После Берлил јасно е дека оваа власт ниту знае ниту има намера да понуди вистински реформи. Јас сум роден реформатор, сѐ што сум допрела сум реформирала. Истото ќе се случи и сега – порача Силјановска.

Коментари

коментари