Села и Алијанса се огласија за недела: Гласачите да излезат и да го дадат својот глас

Само што заврши средбата на органите на партијата Алијанса за Албанците, по која што изразија загриженост дека кампањата во вториот круг немаше вистинска понуда за граѓаните. Од оваа партија велат дека тие гласачите не ги сметаат за сопственост и, исто така, ги повикуваат своите поддржувачи да гласаат според своите убедувања.

„Алијанса за Албанците го повторува ставот кој што го изнесе за време на изборната кампања дека нејзините поддржувачи не ги смета за имот и предмет во функција на интересите на одредени поединци … Вие почитувани граѓани сте суверени и наш партнер во градење на живот со достоинство и затоа ве повикуваме во недела да го изразите својот суверенитет.

Заеднички им рековме да на НАТО и ЕУ на референдумот и со уставните измени. Заеднички ќе останеме на истиот пат и во иднина, не потценети туку еднакви и со достоинство”, се вели во соопштението на Алијансата на Албанците по средбата која штотуку заврши.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!