Читај » СЛАЈДЕР » Му ја расипа кариерата во Реал: Што направи Мурињо кога дозна за ситуацијата на Икер

Му ја расипа кариерата во Реал: Што направи Мурињо кога дозна за ситуацијата на Икер

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо вели дека веднаш се јавил да се информира за состојбата на поранешниот капитен на клубот, Икер Касилјас, откако голманската легенда доби срцев удар на тренинг со Порто оваа недела.

Мурињо работеше со Касилјас во „кралскиот клуб“ од 2010 до 2013, период во кој имаа големи конфликти, кои кулминираа со одземањето на стартното место на шпанскиот голман. Мурињо си замина од Реал во 2013 година, додека Касилјас замина во Порто во 2015 година.

„Сите знаат дека во одреден момент, кога решив да не го ставам во првиот тим, имаше конфронтација на егото, конфронтација на капитенот и менаџерот на Реал Мадрид. Не беше лесно да ја направам таа одлука, но и за него да ја прифати. Но, имаме позитивни односи, не како што велат во медиумите“, вели Мурињо.

Тој додава дека веднаш се јавил во Порто, клуб со кој ја освои Лигата на шампионите во 2004, за да се информира за состојбата.

„Навистина ми е жал за тоа. Веднаш контактирав со Порто за да пратам порака, а медицинскиот тим на Порто е фантастичен, еден од најдобрите во светот на фудбалот. Тој е во добри раце, а португалските медиуми даваат позитивни информации“, вели Мурињо.

Извор: ТОП Спорт

Коментари

коментари