Читај » СЛАЈДЕР » „Ла Паризиен“ најавува распад систем во ПСЖ, Реал во 2020 ќе има можност да ги купи Нејмар и Мбапе

„Ла Паризиен“ најавува распад систем во ПСЖ, Реал во 2020 ќе има можност да ги купи Нејмар и Мбапе

Нејмар и Мбапе во моментов изгледаат како невозможна мисија за Реал Мадрид, но тоа може да се промени во 2020 година, пишува францускиот весник.

Реал Мадрид долго време се поврзува со Нејмар и Мбапе, но од ПСЖ не можете да купите фудбалер доколку тие не сакаат да го продадат. А овие двајца фудбалери се нивните главни ѕвезди од кои не сакаат да се ослободат.

„Ла Паризиен“ пишува дека катарските сопственици размислуваат за напуштање на ПСЖ или драстично намалување на вложувањето поради бројните критики кои ги добиваат. Шеикот и неговите соработници не се навикнати на критики, а имиџот им е една од најважните работи. Имаат многу вложено во клубот, имаат платено огроми суми за даноци во Франција и им пречат лошите зборови за нив.

Катарските газди сакаат да останат во фудбалот бидејќи сметаат дека тоа е најпопуларниот начин на кој можат да бидат забележани во Европа, но подготвени се да ја променат земјата, да го остават ПСЖ и да инвестираат во клуб од Англија (втора лига), Италија (се почесто се споменува името на Рома) или Шпанија каде се верува дека со раширени раце ќе ги пречекаат.

Од 2011 година откако го земаа клубот тие на државаат и имаат платено повеќе од една милијарда на име на даноци и придоенсе, повеќе отколку сите клубови во Англија, Шпанија и Германија заедно и не се задоволни од фидбекот кој го имаат.

ПСЖ доживеа рана елиминација во Лигата на шампионите, беше поразен од Рен во Купот на Франција, по што газдите станаа предмет за исмејување.

Доколку се случат предвидувањата на „Ла Паризиен“, Мбапе и Нејмар ќе станат многу подостапни за Реал Мадрид. Кралскиот клуб сака да направи голем ремонт на тимот, Флорентино Перез е подготвен да инвестира во нов ѕвезден тим со играчи пред кои треба да биде голема кариера.

Претседателот на Реал Мадрид сака да покаже дека неговиот клуб има живот и по заминувањето на Кристијано Роналдо, тоа не беше случај во првата сезона, но Перез сака таквата слика да ја промени.

Коментари

коментари