четврток, 21 ноември, 2019
Читај » СВЕТ » Јапонија доби нов император

Јапонија доби нов император

Јапонскиот престолонаследник Нарухито е новиот император на Јапонија. Тој го замени својот татко, Акихито.

Нарухито има 59 години и е 126-тиот цар на Јапонија, најстарата наследна монархија во светот. Акихито кој има 85 години доби титула „почесен император“, но нема да има службени должности.

На свечената церемонија во Кралскиот дворец присуствуваа премиерот на Јапонија Шинзо Абе, шефовите на двата дома на парламентот и судиите на Врховниот суд.

Акихито станал цар во 1989 година. Тој голем дел од своето владеење посвети на надминување на наследството од улогата на Јапонија во Втората светска војна под владеење на неговиот татко, царот Хирохито.

Една неодамнешна анкета покажа 80 проценти јавна поддршка за царското семејство, што е највисоко ниво на поддршка забележано досега.

Коментари

коментари