вторник, 20 август, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Силјановска Давкова: Не правам компромиси со правото

Силјановска Давкова: Не правам компромиси со правото

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска во општина Ѓорче Петров се обрати на трибината насловена „Со гласање до одлука за нашата судбина“.

Силјановска Давкова истакна дека само со право и правда може да има вистинско сојузништво меѓу граѓаните без разлика на нивната етничка и верска припадност.

Само со право и правда и само околу правото и правдата може да има вистинско сојузништво меѓу луѓето без оглед на етничката, јазичната верската припадност. Се друго е пазар и илузија, вели таа.

Силјановска Давкова додаде дека е благодарна на сите граѓани кои и дале поддршка на 21 април и дека ќе може да го исполни она што го ветила пред граѓани, потенцирајќи дека на претседателските избори се гласа за човек кој ќе ја води нацијата и ќе работи во интерес за сите граѓани, додавајќи дека само со масовна поддршка за нејзе ќе се спречи гласањето на претседател на државата во Собранието.

-Јас сум неверојатно благодарна на граѓаните оти велам се надевам дека ќе дојде денот кога нема партиите да бидат тие кои што ќе тргуваат со граѓанските гласови туку секој сам индивидуално ќе си го искористи своето избирачко право зад кутијата верувајќи дека гласа, особено на претседателските избори, не за партија или не само за партија туку пред се за личност. Затоа јас сум една од оние кои се огромни противници за избор на претседател во Собранието. Граѓаните се помудри, граѓаните знаат да направат прав избор, кажа Силјановска Давкова.

Коментари

коментари