Читај » СЛАЈДЕР » Попович ќе стане најплатениот тренер во НБА

Попович ќе стане најплатениот тренер во НБА

Еден од најуспешните тренери во историјата на НБА-лигата, Грег Попович ќе потпише нов тригодишен договор со Сан Антонио спарс.

Легедарниот тренер ќе стане најплатен стратег во НБА-лигата, па на есен ќе ја почне 24. сезона во најсилната лига во светот, па така ќе урне уште еден рекорд.

Сопствениците на Сан Антонио сметаат дека Попович треба да остане во нивниот тим, но неговата одлука ќе биде последна.

Попович пет пати беше шампион со Сан Антонио (1999, 2003, 2005, 2007 и 2014).

Коментари

коментари