четврток, 18 април, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Реал Мадрд се вклучи во трката за Лука Јовиќ

Реал Мадрд се вклучи во трката за Лука Јовиќ

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ игра фантастична сезона во Ајнтрахт Франкфурт и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Иако најсилен интерес за напаѓачот покажува Барселона, сепак шпанските медиуми тврдат дека Јовиќ кариерата би можел да ја продолжи во Реал Мадрид.

Шпанскиот весник „АС“, кој е добро информиран за случувањата во Реал Мадрид објави дека претставници на „кралскиот“ клуб, односно генералниот директор Хосе Анхел Санчес и менаџерот на фудбалерот Фали Рамадани.

Јовиќ е под договор со Бенфика, но Ајнтрахт ќе има можност на крајот на сезоната да го откупи за 22 милиони евра, опција која сигурно ќе ја искористи. Неговата цена во моментов изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра, сума која се спремни да ја платат неколку европски клубови.

Србинот оваа сезона во 36 меча за Ајнтрахт постигна 22 гола и запиша 7 асистенции, па покажа дека станува збор за еден од најголемите таленти во Европа.

Коментари

коментари