Читај » СЛАЈДЕР » Сари направи загрижувачка анализа по вториот меч на Игуаин

Сари направи загрижувачка анализа по вториот меч на Игуаин

Челси вчера доживеа голем срам на гостувањето на „Виталити стадионот“ кај Бурнмаут, а поразот од 4:0 предизвика доста несекојдневна рекација од страна на Маурицио Сари кој ги заклучи играчите еден час во соблекувалната со цел да дознае каде погрешиле.

Италијанскиот стручњак не го криеше разочарувањето од катастрофалното издание во второто полувреме во кое лондонскиот тим ги прими сите четири гола, но покрај тоа што перформансите ги оцени како многу лоши од целиот тим, сепак направи и прва анализа по првите два меча кои ги одигра Гонзало Игуаин во Челси.

Сари со голем ентузијазам го проследи трансферот на Аргентинецот на „Стемфорд Бриџ“, но сега призна дека Игуаин не пристигнал во посакуваната форма во Лондон, поради што ќе мора да напредне и напорно да работи во наредните недели.

– Игуаин може многу подобро од ова што го покажува, тој сигурно може многу да се подоббри. Во овој момент, мора да се признае дека тој не е во добра форма, не пристигна во посакуваната форма. Најверојатно поради тоа што не играше многу во последно време и поради дистракциите на трансфер пазарот. Во наредните неколку недели очекуваме да се подобри и да ни донесе резултат на теренот, – порача Сари.

Коментари

коментари