Иванов на одбележувањето на христијанскиот празник св. Атанасиј Велики во Тетово

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во црквата „Св. Атанасиј“ на Тетовското кале присуствуваше на црковно-народната прослава на големиот христијански празник Св. Атанасиј Велики.

Од Кабинетот на п соопштуваат дека, Иванов во црквата „Св. Атанасиј“ присуствуваше на света божествена литургијa и на церемонијата на осветување на празничниот колач.

Македонскиот претседател на присутните граѓани им го честиташе големиот христијански празник и им посака здравје, радост и бериќет.

Претседателот Иванов присуствуваше и на одбележувањето на празникот „Св. Атанасиј Велики“ во црквата „Св. Атанасиј“ во селото Сараќино, општина Тетово.

Коментари

коментари