четврток, 18 април, 2019
Читај » ЕКОНОМИЈА » Apple подготвува потполно стаклен iPhone?

Apple подготвува потполно стаклен iPhone?

Долгогодишниот сон на дизајнерите на Apple, на чело со Џони Ајви, е конструирање на паметен телефон кој би изгледал како едноставно парче стакло.

На таквиот уред не би имало физички копчиња, отвори, премини помеѓу различни материјали и слични карактеристики кои би го “грделе” елегантниот надворешен изглед.

Меѓутоа, за да се оствари тој сон е потребно стаклото да се направи доволно добар структурен материјал од кој може да се направи цело куќиште на телефонот. Токму тоа е она што Apple се обидува да го заштити со најновата пaтентна пријава.

Американскиот патентен завод објавил патент кој компанијата Apple го предал во септември минатата година, а кој се однесува на “електронски уреди со стаклени структурни елементи”. Фотографиите и текстот на патентната пријава го опишуваат овој стаклен паметен телефон.

Неговото куќиште би било изградено од свитливо стакло, во кое би бил сместен екранот, додека сите останати електронски делови ќе бидат прицврстени во внатрешноста на куќиштето на неколку предложени начини.

Освен самиот концепт на куќиштето, компанијата прикажала и неколку начини на негово поврзување со други компоненти, па така, кај ваквиот уред стаклото ќе ја преземе улогата на структурен елемент и потполно ќе ги замени металните легури кои досега се користеа како основа на куќиштето.

Секако, фактот дека Apple има патент за нова технологија не значи дека нужно ќе ја примени на своите уреди. Сепак, интересно е да се види во која насока размислуваат инженерите на Apple и како би можел да изгледа евентуалниот дизајн на идниот iPhone.

Коментари

коментари