Читај » СВЕТ » Хашим Тачи во писмо до Трамп: Косово е подготвено за компромис со Србија

Хашим Тачи во писмо до Трамп: Косово е подготвено за компромис со Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи во писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, порача дека Косово е подготвено за договор со Србија за решавање на долгогодишните отворени прашања меѓу двете земји.

Србија и нејзината поранешна покраина, која прогласи независност во 2008 година, се обврзаа во 2013 година дека под покровителство на ЕУ ќе ги решат сите отворени прашања, но не остварија значителен напредок.

Преговорите се прекинати од ноември 2018 година кога Владата во Приштина воведе царини од 100 отсто на увоз на стоки од Србија. Белград нагласи дека нема да разговара додека трговијата не се врати во нормална состојба.

„Ќе бидам подготвен и отврен за нужни компромиси за да се постигне сеопфатен и балансиран договор за решавање на сите отворени прашања и со тоа да се стави крај на стогодишниот судир со Србија и да се постигне мир во целиот регион“ напишал Тачи во писмото до Трамп.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај рекол дека не е подготвен да ја промени владината одлука за воведување царини.

Нејасно е зошто Тачи го објавил писмото сега, со оглед дека уште во средината на декември прими писмо од Трамп, во кое го повика косовскиот претседател да направи се за да се постигне сеопфатен договор за Србија.

Коментари

коментари