четврток, 18 април, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » ДУИ се „недопирливи“ или Царовска „измисли“ афера?

ДУИ се „недопирливи“ или Царовска „измисли“ афера?

ДУИ продолжува да ја напаѓа Царовска за скандалот со пензиите.

Откако вицепремиерот Бујар Османи вчера, изјавата на министерката ја нарече „несреќна,“, а притоа се закани и со тужби кон новинарите, доколку не се извинат што се споменува партијата на ДУИ, синоќа во дебатната емисија „200 степени“ на телевизија АлсатМ и пратеникот Артан Груби, како најодговорна за случајот ја посочи Царовска.

Во случајов се работи за не толку умерена изјава на министерката Царовска, која можеби се уште мисли дека раководи со некоја невладина организација, а не со толку важно министерство со кое раководи. И ќе треба на своите јавни презентации, особено за вакви прашања да внимава на начинот на презентација, бидејќи во случајов и денес се потврди, дека не се работи за злоупотреба на ниту еден денар. Се работи за системска грешка, дека средствата се префрлеани во првиот столб, а не во вториот столб. Ниту еден денар од префрлените пари не се злоупотребени. Ова го потврди денес самата госпоѓа Царовска на прес конференција со директорот на Пензискиот фонд на Република Македонија, рече пратеникот на ДУИ Артан Груби – во вчерашната дебатна емисија „200“ на Алсат.

Од труд возвратија на обвинувањата на двајцата функционери. Велат дека тие не би требало да имаат проблем со објавувањето на информациите.

  • Ова е акт на одговорност и отчетност во работењето, а не избрзана изјава на министерката како што коментараат во јавноста. Министерството, не е истражен орган и не навлегува во јавна дискусија и обвинувања за одговорност. Тоа е работа на обвинителството кое веќе ги има сите документи за случајот. Добро би било политичарите да ја почекаат правната разврска наместо да обвинуваат неосновано , велат од министерството за труд и социјала.

Но, сепак не откриваат повеќе детали околу кривичната пријава, освен дека е против непознат сторител. Објаснуваат дека законски тие имаат таква можност. Само да ги достават сомневањата, а обвинителството потоа самото да одлучи дали, кого и за што ќе го гони.

Од ОЈО велат дека пријавата е распределена кај надлежен јавен обвинител кој ги проучува наводите. Во предметот нема осомничени лица, ниту пак е утврдено дека е извршено конкретно кривично дело.

Коментари

коментари