недела, 15 декември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Бугарија го одобри протоколот за влез на Македонија во НАТО

Бугарија го одобри протоколот за влез на Македонија во НАТО

Бугарската Влада го одобри нацртот на Протоколот за Северноатлантскиот договор, односно приклучувањето на Македонија во НАТО.

Истовремено, како што објави БГНЕС, Владата го овластила привремениот шеф на Постојаната делегација на Бугарија во НАТО да го потпише пристапниот Протокол.

Инаку, Бугарија беше и правата земја која ја призна Македонија како независна држава во 1992 година.

Откако во Брисел амбасадорите на сите земји членки ќе го потпишат Протоколот, тој треба да биде ратификуван во сите национални парламенти. Според најавите, грчкиот Парламент ќе биде првиот што ќе го ратификува, а, според пишувањето на „Еурактив“ тоа може да се случи до 8 февруари. Не се исклучува забрзано ратификување на Протоколот во земјите членки, по што Македонија би можела да стане членка дури и ова лето.

Коментари

коментари