четврток, 18 април, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Азилантот Груевски веќе нема да прима пратеничка плата, Собранието ги усвои законските измени

Азилантот Груевски веќе нема да прима пратеничка плата, Собранието ги усвои законските измени

Со 52 гласа „за“ и два воздржани денеска пратениците во Собранието денеска ги изгласаа измените на законот за пратеници со кои на поранешниот премиер во бегство Никола Груевски ќе му се укине пратеничката плата. Со усвоеното законско решение се предвидува ако пратеник е осуден на казна затвор подолга од 6 месеци да го изгуби правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница посочија дека измената е неуставна.

Груевски, со новото законско решение нема дадобива повеќе пратеничка плата, затоа што е правосилно осуден на две години казна затвор поради незаконската набавка на луксузниот автомобил „Мерцедес “ во предметот на СЈО „Тенк“.

Груевски повеќе од два месеци е во Унгарија, каде од тамошните власти експресно доби азил.

Коментари

коментари