четврток, 18 април, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Хабиб и Мекгрегор ги дознаа казните за инцидентот во Лас Вегас

Хабиб и Мекгрегор ги дознаа казните за инцидентот во Лас Вегас

Денеска судот во Невада ги сослуша Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор за инцидентот во Лас Вегас кој се случи на 6. октомври и им ги соопшти казните.

Конечно Хабиб и Мекгрегор ги дознаа казните за инцидентот кој се случи по нивната борба на 6. октомври минатата година.

Хабиб доби девет месечна суспензија која може да биде намелена на шест месеци доколу тој прифати да учествува во јавно соопштение со анти насилна тема. Ако го направи тоа според барањата на комисијата неговата суспензија ќе биде само шест месеци и ќе може да се врати веќе на почетокот на април.

Хабиб ќе треба да плати и казна од 500.000 евра затоа што излезе од октагонот по борбата и го нападна тимот на Мекгрегор.

Казна добија и борците од неговиот тим кои се вклучија во инцидентот, Абубакар Нурмагомедов и Зубариа Тукугов. Тие имаат по едногодишна суспензија и парична казна од по 25.000 долари.

Мекгрегор доби суспензија од шест месеци и парична казна од 50.000 долари.

Коментари

коментари