четврток, 18 април, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Костески си замина од Металург, пак ќе игра во СЕХА

Костески си замина од Металург, пак ќе игра во СЕХА

Поранешниот ракометар на Металург, Никола Костески, повторно ќе биде дел од СЕХА-лигата откако денеска потпиша договор со екипата на Татран Прешов.

Словачкиот првак беше во потрага по играч кој би бил дополнителна опција за позицијата десно крило, експресно ги договори условите со Костески, по што беше потпишан договор до крајот на оваа сезона.

Никола Костески по заминувањето од Металург настапуваше во Турција, сезонава беше меѓу најдобрите поединци во тимот на Селка, но поради финансиски проблеми во клубот реши да го следи примерот на многумината што си заминаа и кариерата да ја продолжи во Словачка.

🔥ĎALŠIA HORÚCA PRESTUPOVÁ NOVINKA 🔥Káder Tatrana Prešov v tejto sezóne vystuží ďalší legionár. Do konca sezóny…

Posted by Tatran Prešov on Tuesday, January 29, 2019

Коментари

коментари