Читај » СЛАЈДЕР » Венгер доби богатство откако „раскина“ со Арсенал

Венгер доби богатство откако „раскина“ со Арсенал

Арсенал му платил на Арсен Венгер и неговиот тренерски штаб 19 милиони евра за предвремено раскинување на договорот, кој беше до летото 2020 година, соопшти „Тајмс“.

На овој начин клубот им ги платил на тренерите платите до крајот на нивниот договор.

69 годишниот Французин беше на чело на Арсенал од 1996 до 2018 година. Под негово раководство „топџиите“ станаа трипати шампиони на Англија, седумпати го освоија ФА Купот и „Комјунити шилд“ и стигнаа до финалето на Лигата на шампионите.

Наследник на Венгер стана Шпанецот Унаи Емери. По 23 круга од Премиер лигата, Арсенал е на петтото место на табелата и се бори за влез во зона ЛШ

Коментари

коментари