Читај » МАКЕДОНИЈА » Разногласие за законот за јазици во владината коалиција

Разногласие за законот за јазици во владината коалиција

Со нешто поблаги тонови и денеска продолжуваат недореченостите меѓу коалициските партнери во власта СДСМ и ДУИ околу разгледувањето на Законот за употреба на јазиците во Венецијанската комисија. Вицепремиерот Бујар Османи вели дека постои само различна интерпретација за два членови од законот, а нормално е целиот да биде доставен на разгледување од страна на Венецијанската комисија. Собранискиот спикер Џафери пак денеска исто така посочи оти нема ништо спротивно на Уставот со тоа што Владата го пратила законот за јазици во Венецијанска комисија но поголем дел од прашањата ги упати на адреса на Владата .

  • „Постапката за утврдување на кој било законски проект во соодветната европска комисија не е во никаква спротивност со Уставот, рече Џафери и упати на Владата за поконкретни одговори бидејќи тоа не е во надлежност на Собранието туку е владина одговорност. Не се раководам од очекувањата, во смисла кога. Моите одлуки зависат од мене и од тоа кога ќе ценам. Секоја активност има потреба од подготвителен период, а порано кажав дека тој период ќе трае до крајот на месецот за да може да се организираат службите и за да може да се спроведе целосно и квалитетно одредбата од Законот за употреба на јазиците во смисла на водење на седницит“ – рече собранискиот спикер Џафери.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски пак денеска на пресконференција порача оти не постојат конфликти меѓу коалициските партнери и оти само некои од медиумите се обидуваат тоа да го претстават така .

  • „Во основа не постојат некои конфликти или судири како што пишуваат медиумите. Вчера имавме владина седница на која работите функционираат редовно и тековно. Како некој толкува одредени изјави, тоа сепак е во рамки на слободата на израз. Во секој случај, работата на Владата како институција е тековно и немаме никакви проблеми“ – истакна Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата.

Различните толкувања околу Законот за употреба на јазиците и неговото разгледување во Венецијанската комисија доаѓаат како резултат на вчерашната изјава на премиерот Заев за Алсат М дека целиот Закон е даден на разгледување во комисијата и дека ДУИ се кити со туѓи перја. Меѓудругото тој порача оти овој закон не е само на ДУИ и дека како премиер тој ќе биде првиот кој ќе земе двојазичен пасош со името Р. Северна Македонија . ДУИ пак тврдеше дека предмет на разгледување во Венецијанската комисија ќе бидат само спорните членови кои се однесуваат на, банкнотите и хартиите од вредност, и амблемите на војската и полицијата.

Коментари

коментари