Кармело доаѓа кај Леброн во ЛА

Повредата на Клинт Капела го натера раководството на Хјустон да размислува за доведување на нов центар или крилен центар.

За да ја исполни таа цел, потребно беше да се направи место со ослободување на еден кошаркар, па изборот падна врз Кармело Ентони. Поранешната ѕвезда на Денвер и Њујорк беше преселен во Чикаго, но не се очекува долго време да се задржи во редовите на Булси.

Кариерата на Ентони виси, а во САД на големо се шпекулира дека истата ќе ја спаси неговиот голем пријател Леброн Џејмс. Лос Анџелес Лејкерс наводно го посакува шутерот во своите редови, но за тоа да го направи ќе мора да се ослободи од еден кошаркар.

Останува да видиме каков ќе биде конечниот расплет и дали воопшто фановите повторно ќе уживаат во играта на популарниот Мело на НБА терените.

Коментари

коментари