недела, 8 декември, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Азар зборува за трансфер, Зидан и Манчестер Јунајтед

Азар зборува за трансфер, Зидан и Манчестер Јунајтед

Еден Азар во безброј наврати ги има искажано своите симпатии кон Реал Мадрид и не крие дека една од неговите животни желби е да го облече белиот дрес на „кралскиот клуб“, а сега се обрати на оваа тема и во последното интервју за „Франс Фудбал“.

Многумина предвидуваа дека првата ѕвезда на Челси ќе заврши на „Сантијаго Бернабеу“ поради посебните чувства кои ги има кон Зинедин Зидан, но иако на крајот не се случи тоа, Белгиецот не исклучува ваква можност во иднина, без оглед на тоа што Зизу повеќе не е дел од европскиот шампион.

– Зошто да не потпишам за Реал Мадрид? Никогаш немав специјални вести од Зинедин Зидан. Ако тој утре замине во Јунајтед, тогаш јас сигурно нема да му се приклучам таму. Реал Мадрид е поинаков без Зидан, но и натаму останува Реал Мадрид, – вели Азар кој претходно има изјавено дека остварување на сонот би било ако соработува со идолот од неговото детство, Зидан.

Коментари

коментари