Читај » МАКЕДОНИЈА » Битола денеска е најзагден град во Европа

Битола денеска е најзагден град во Европа

Битола денеска е најзагден град во Европа според мерењето на некои независни мрежи на мерни станици. Висок праг на аерозагадување покажуваaт и мерните станици на Министерството за животна срдина.
Во 13 часот во индустрискиот дел и во центарот на градот измерени се 6 пати повисоки вредности на ПМ честичките од максимално дозволените. Битолчани се жалат дека се постојано изложни на загаден воздух кој им создава здравствени проблеми

-Чувтсвувам гушње, тешко дишење, но нема што да правиме, вели битолчанка

-Нема човек што не му пречи, тоа се чувствува кај населнието, има многу заболени порди загадувањето, вели граѓанин.

Граѓаните бараат надлежните да откријат кои се најголемите загадувачи во Битола и да се преземат мерки за намалување на аерозагадувањето.

-Се прашуваме од кад доаѓа загадувањто. Не е само оваа година, ова се случува о последните неколку години. И порано се затоплувавме на огревно дрво. Не знам можеби сега има повеќе автомобили, но потребно е да се направи истражување од каде доаѓа загадувањето, вели граѓанка.

Во истражувањето на невладината Геосфера пак, покрај големите индустриски капацитети, токму домаќинствата што се затоплуваат на огревно дрво се идентифиукувани како најголеми загадувачи во Битола, а особено огревно дрво кое има висок процент на влажност, поради што предлагат законски измени во оваа сфера.

Коментари

коментари