Уште едно ветување за административците кои со години дома си земаат плата

До средината на оваа година ќе биде завршен процесот на распределба на административците ангажирани од Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор. И покрај фактот што распределбата сè уште не е завршена, се вработуваат нови административци. Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски се правда.

Распределбата на првата група од 958 административци беше ветено дека ќе биде направена најдоцна во јуни минатата година, но и покрај ветувањата на Хазби Лика и Манчевски, тоа не се случи.

Околу 200 административци на кои им беше понудено работно место, го одбија. Пред неколку месеци министерот Манчевски призна дека во процесот има застој.

Прашањето како треба да работат 1.600 административци трае со години. Тие веќе 15 години добиваат плати додека седат дома.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!