Читај » СВЕТ » Путин денес пристигнува во Србија, дочекот ќе биде надреален

Путин денес пристигнува во Србија, дочекот ќе биде надреален

Рускиот претседател Владимир путин денес пристигнува во Србија, а како што јавуваат српските медиуми, во Белград пред храмот Свети Сава ќе го дочекаат околу 70 илјади луѓе. По сѐ изгледа, посетата на Путин ќе биде прилично надреална.

За почеток, тука е православната црква во изградба, во селото Банстол кај Инџија, односно Сремски Карловци, која Путин би можел да ја посети. Зошто Србите сакаат Путин да ја посети оваа црква е јасно ако се знае дека во народот таа колоквијално е наречена „Путиновиот храм“.

Црквата во Банстол го доби интересното колоквијално име Путинов храм бидејќи е изградена во стилот на руските православни цркви. Оваа православна црква, како што пишува српски Курир, а посветена на српските жртви од деведесеттите, пред сѐ на жртвите на хрватската акција Олуја. Жителите на Банстол испратиле покана и молба до претседателот на Србија Александар Вучиќ заедно со Путин да го посети ова село.

„Црквата е изградена по углед на руската црква Свети Николај во Софија и таа раскажува за српско-руското пријателство и страдање низ целиот 20 век. Таа неофицијално се вика Путинов храм затоа што е првата црква што се гради во руски стил кај нас. Преку дипломатски канали му испративме покана на рускиот претседател да го посети ова место кога во јануари ќе ја посети Србија како знак дека Србија радосно го очекува“, изјави за Блиц Бранко Симоновиќ, член на одборот за градење на црквата во сремското село.

„Кога гледам дека го ставаат на женски гаќички, на златни часовнииц, на мобилни телефони, зошто еден храм не би го носел неговото име, а јас лично мислам дека ќе му биде подраго ова да биде неговиот бренд“, кажа Симоновиќ.

Коментари

коментари