Читај » СЛАЈДЕР » Обезбеден потписот на Чичарито

Обезбеден потписот на Чичарито

Напаѓачот на лондонскиот премиерлигаш Вест Хем, Хавиер Ернандес Чичарито постигна договор со шпанскиот гигант Валенсија, објави „Марка“. Популарните “лилјаци” сакаат во своите редови да го донесат 30-годишниот Мексиканец, но клубот од Лондон нема намера да го ослободи играчот.

Кога е во прашање актуелната сезона, Ернандез веќе постигна пет погодоци и запиша две асистенции во 16 натпревари кои ги одигра за премиерлигашот.

Чичарито за „чеканите“ настапува од 2017 година, а претходно играше во Баер Леверкузен, Реал (М), Манчестер Ј. и Гвадалхара.

Коментари

коментари