четврток, 18 април, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Македонија го запиша и вториот пораз

Македонија го запиша и вториот пораз

Македонија ја загуби и средбата со европскиот шампион Шпанија. Во натпревар со чуден тек, загубивме со убедливи 21:32 (12:13).

Средбата навистина имаше чуден тек, бидејќи по извонредното прво полувреме, во кое добро го испотивме фаворитот, следеше разочарувачко второ, кое резултираше со убедлив пораз.

Македонија одигра навистина добро прво полувреме во кое во најголемиот дел беше подобрата репрезентација. Многу рано стекнавме солидни +3, а во продолжението испуштивме шанс иа за поубедливи +4. Шпанија дури во 21. минута го забележа своето прво водство, 7:8. Се до крајот на првиот дел се играше гол за гол, но сепак Шпанците на одмор заминаа со минимална предност, 12:13.

Во второто полувреме видовме една поинаква Македонија, која за само 70 почетни секунди успеа да направи три технички грешки и да прими три гола, за веќе убедливи 12:16. Како што течеше времето нашата игра стануваше се понепретпознатлива, па во 33. минута веќе беше 12:18. Во таква ситуација селекторот Раул Гонзалез го донесе единственото исправно решение и ја седна на клупа комплетната прва постава, за да ја одмори за утрешниот решавачки натпревар со Исланд. На теренот излезе нашиот втор состав составен воглавно од млади ракометари, но се чини дека и тие се вклопија во создадената атмосфера и одиграа индиспонирани 20 минути. Овде мораме да го одбележиме и дебитанскиот гол на нашиот Марио Танкоски и тоа од за него невообичајната позиција на лево крило.

Се на се, загубивме натпревар кој сепак ништо не промени во нашите шанси за пласман во следната рунда. И пред почетокот на СП знаевме дека се ќе се решава во последното коло, на средбата со Исланд. Така и остана и утре Македонија го игра за нејзе, па и за Исланд, најважниот натпревар на СП. Оваа средба е закажана со почеток во 18 часот.

Коментари

коментари