четврток, 18 април, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » ЕП 2019 во одбојка: Македонија во група со шампионот Русија

ЕП 2019 во одбојка: Македонија во група со шампионот Русија

Македонските одбојкари дознаа против кого и каде во дебитантското учество на Европските првенства. Турнирот што оваа година е закажан од 12 до 29 септември е прв што ќе се организира во четири различни држави и прв, исто така, со 24 репрезентации.

Во музејот Атомиум во Брисел, ждрепката го смести „спартанците“ во групата Ц во Словенија во која, покрај ко-домаќинот, ќе играат и селекциите на Русија, Финска, Турција и Белорусија.

Регионот ќе има уште два претставника на континенталниот одбојкарски собир. Во групата Б (Брисел и Антверпен), Србија за ривали ги доби Белгија, Германија, Словачка, Шпанија и Австрија додека Црна Гора заврши во групата Д (Ротердам и Амстердам) заедно со селекциите на Холандија, на Полска, на Чешка, на Естонија и на Украина.

И во групата А (Монпелје) ќе понуди пресметки меѓу Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција и Романија.

Најдобрите четири селекции од секоја конкуренција ќе продолжат во нокаут фазата. Македонија и Црна Гора за првпат ќе учествуваат на завршните турнири, во улога на бранител на титулата ќе биде Русија.

Коментари

коментари