Читај » МАКЕДОНИЈА » ДУИ: Летањето орли е симболика

ДУИ: Летањето орли е симболика

Со официјализирањето на албанскиот јазик политичарите од владеачката ДУИ ги разлетаа двоглавите орли и иниицраа збунувачки рекации и емоции во јавноста, по што следуваа и објаснувања за симболиката на орлите, појаснувајќи дека двоглавиот орел нема лоша метафора.

Ако некому му пречи кога јавно се изразувам дека сум албанец тоа е негов проблем а не мој, порача вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, толкувајќи дека фотографијата со вкрстени раце во вид на двоглав орел кој ја направија заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нема националистичка конотација.

И пратеникот на ДУИ Артан Груби во синоќешното гостување на 24 анализа симболираше летање на орел појаснувајќи дека орлите не значат Голема Албанија

Денеска, два дена по официјализаирањљето на заљконото за употреба на јазиците, функционерите од ДУИ се собраа пред споменикот на Скендер Бег, означувајќи ја годината на овој албански херој. Оттаму порачаа дека целта на законот е да ги интегрира Албанците целосно во општеството, а не да ги раздвојува граѓаните.

Коментари

коментари