четврток, 28 септември, 2023

Двојазичност, граѓаните кои не се Македонци сами ќе си ги плаќаат преводите

Законот за употреба на јазиците нема да биде бесплатен за граѓаните кои не се Македонци. Иако Агенцијата за спроведување на овој закон ќе има на располагање годишен буџет од 1,7 милиони евра, тие пари ќе бидат потрошени во државните институции. Преводите за документи на мајчиниот јазик кај извршители, адвокати и нотари, ќе ги чини граѓаните по околу 300 денари од само една страница. Од Министерството за правда велат дека во овие субјекти, освен на македонски јазик, било кој посебен документ на друг јазик, граѓанинот ќе мора да го плати сам.

Министерство за правда:

Во постапките пред нотари, адвокати и извршители, сите граѓани ги покриваат сами своите трошоци.“

Претседателот на Комората на адвокати, Љубомир Михајловски за Алсат појаснува дека сите детали ќе треба да ги дефинира Министерството за правда, а од Нотарската комора најавуваат дека ова прашање ќе биде регулирано со подзаконски акти.

„Секако со подзаконските акти ќе бидат дефинирани посебните тарифи колку ќе чини, да речеме, било кој трошок. За илустрација на овие процедури, обично има трошок за тоа што е застапена страната, каде што се користи овластен преведувач и за превод на документите, тие трошоци може да се регулираат со посебна тарифа“, рече Наџи Зекири, потпретседател на Нотарската комора.

Според Законот за употреба на јазиците, во централната и локалната власт, но и сите субјекти со законски овластувања, трошоците ги покриваат самите институции. Во Членот 10 од овој закон се наведува дека граѓаните имаат право да бараат превод во писмена и говорна форма на својот мајчин јазик, но не се обврзани да го прават тоа нужно. Предвидено е дека една година по стапувањето во сила на законот, сите институции треба да ги усвојат подзаконските акти за негово спроведување. Во спротивно, ќе следат соодветни парични казни кои ќе ги изрече Инспекторатот за употреба на јазиците.

Коментари

коментари