понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Засега нема нов случај на заболени од сипаница, вакцинирани околу 1000 деца

Засега нема нов случај на заболени од сипаница, вакцинирани околу 1000 деца

Бројот на деца кои примија вакцина во последниве денови стигна до илјада. Од Министерството за здравство информираат дека состојбата на досега заразените е стабилна и не се регистрирани нови случаи. Додека голем број родители се упатуваат кон медицинските центри за вакцинација, на социјалните мрежи се води кампања против вакцинацијата.

Разни профили објавуваат статии кои зборуваат за нус-појавите од вакцината, а не изостануваат и политичките реакции поврзани со состојбата. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ упати обвинувања до Министерството за здравство дека спроведува масовна вакцинација за добивање политички поени.

Министерот Филипче не ги коментираше ваквите обвинувања од ВМРО, а за вчерашните протести на родителите кои се против вакцинација, рече дека тие се резултат на недоволна информираност. Министерот уверува дека вакцините се квалитетни.

Засега не се знае дали протестите против вакцинацијата ќе продолжат. Алсат ги праша организаторите дали повторно ќе протестираат или ќе преземаат други мерки, но досега немаме одговор. Инаку во текот на денов и утре центрите за вакцинација се отворени од 7.30 наутро до 19 часот, а во понеделник поради Божиќ ќе работи само првата смена од 7.30 до 13 часот.

Коментари

коментари