Менди во свој стил: Агуеро, те сакам повеќе од жена ти!

Синоќа, за првпат оваа сезона екипата на Ливерпул беше надиграна во Премиер лигата и заслужено беше поразена на „Итихад“ од актуелниот шампион Манчестер Сити.

Повторно, еден од најдобрите фудбалери на Пеп Гвардиола, беше Серхио Агуеро, кој со фантастичен погодок го најави овој триумф, а по мечот доби несекојдневна пофалба, откако соиграч напиша дека го сака повеќе од неговата жена.

„Те сакам повеќе од жени ти, брат“, во свој стил напиша Бенжамин Менди на социјалните мрежи.

Со оваа победа, Сити ја врати неизвесноста во Премиер лигата и сега зад лидерот Ливерпул заостанува само четири бода.

Коментари

коментари