Босанецот Јусуф Нуркиќ синоќа влезе во историјата на НБА со учинок што никој досега не го постигнал.
Нуркиќ имаше најдобар 5×5 учинок (најмалку 5 поени, скокови, асистенции, украдени топки и блокади) на сите времиња.
Ова во историјата се има случено само 20 пати, а подвигот на Нуркиќ го постигнале само 13 играчи.
Најдобар досега со учинок 5×5 бил Џулиус Ирвинг кој во 1976 година оствари 31 поен, 19 скокови и по 5 асистенции, украдени топки и блокади, а Нуркиќ е првиот кој 5×5 го оствари со 20 и повеќе поени и скокови.