Ѓорчев: Заев ја загуби поддршката од неопределните, револтот секојдневно расте

Семејството пред се. Тоа е животното мото на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, еден од најактивните политичари, кој стигнува секаде и секогаш, но на крајот на денот е со своите најблиски. Обврски плус деца еднакво на тренинг за триатлон, вели Ѓорчев во интервјуто за 24 инфо.

-ВМРО-ДПМНЕ следниве недели ќе ја почне процедурата за избор на претседателски кандидат. Јавноста, членството и симпатизерите ќе имаат можност да ги слушнат неговите или нејзините ставови. Убеден сум дека ќе го имаме најдобриот кандидат. Секако, ќе соработуваме со повеќе опозициони партии и на тој начин ќе го максимизираме опозиционото расположение кое провладува кај народот – вели Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека во државата има има големо незадоволство од Владата на Заев, а тоа незадоволство преминува во револт кој секојдневно расте.

-Претседателските избори ќе бидат можност граѓаните да испратат јасна порака до власта. Очекуваме победа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе биде јасен предводник на опозиционото расположене кое станува доминантно. Власта на СДСМ е едно големо разочарување, не ги исполнија ветувањата и казната од народот ќе дојде на првите наредни избори, а тоа се претседателските избори – вели пратеникот.

Тој вели дека е можно Македонија на следните избори да добие жена претседател

-Секако дека е можно. Нашето демократско општество дава шанса на секој. Жените се силен мотор во нашето општество и добро е што расте бројот на жени во јавниот живот и во политиката. Женските иницијативи заслужуваат поддршка во јавноста. Секој има право да се кандидира, а граѓаните го имаат последниот збор. Изборот е демократска придобивка вели Ѓорчев.

Пратеникот Влатко Ѓорчев смета дека не може со сигурност да се оцени дали Заев со сигурност ќе освои 80 гласови за да се усвојат уставните измени.

-Факт е дека целиот процес на уставни измени беше прилично насилен, со бројни уцени. Факт е дека огромното мнозинство на граѓани се силно приврзани за уставното име Република Македонија.

Во врска со плановите на приватен план, неговата сопруга ја смета за херој бидејќи ги родила нивните четири деца.

-За шест години имавме четири деца и во таа приказна мојата сопруга е главниот херој. Огромна и вечна благодарност за нејзината поддршка во мојата работа и за целата грижа за нашите деца.

Ги прославуваме православниот Божик, Велигден и сите наши македонски празници, но секако ги почитуваме и празниците на мојата сопруга. Традицијата е нашиот бит, тоа покажува кои сме и што сме како Македонци.

Како го поминувате слободното време, секако го немате многу, дали имате некое хоби, спорт или слична занимација која ви овозможува да се релаксирате?

Коментари

коментари