понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Година на предизвици за македонската политика

Година на предизвици за македонската политика

Домашните институции ова година ги очекува набиена политичка агенда. Веднаш по празниците ќе се гласаат амандамниет на Уставот. Успешната финализација на Договорот од Преспа ќе го отвори патот на интеграциите на земјата во НАТО и во ЕУ. Македонија ќе може да учествува на седниците на НАТО без право на глас. Во февруари, Грција треба да го ратификува протоколот за членство, а потоа ќе уследи процесот на ратификација од останатите држави членки на НАТО.

Претседателските избори напролет се вториот важен предизвик за институциите и за политичарите. Останува да се види дали коалициските партнери ќе најдат заеднички јазик за кандидат, кој ДУИ најавува дека треба да биде консензуален.

После долгото кочење, конечно се очекува да се формира и Антикорупциската Комисија за да се санкционираат можните злоупотреби и користењето државни ресурси во предизборната кампања. Голем број закони кои беа усвојувани набрзина кон крајот на годината, меѓу кои и законот за судство, за медиуми, законот за безбедносните служби треба да бидат спроведени во пракса. Во овие рамки се и реформите кои се предвидени со планот 18 на владата, а кои се поврзуваат со неопходно исполнување на условите за членството на Македонија во ЕУ.

Токму од спроведувањето или не на овие реформи ќе зависи и отворањето на преговорите за членство со ЕУ. Брисел е дециден, освен успешно спроведување на Договорот од Преспа, земјата треба да испорача конкретни резултати за реформите во судството, јавната администрација, медиумите, борбата против организираниот криминал и корупција и во безбедносните служби.

Коментари

коментари