Читај » МАКЕДОНИЈА » Mакедонците годинава изеле повеќе леб од лани

Mакедонците годинава изеле повеќе леб од лани

Ако одиме по онаа народната дека ќе влеземе во Европа кога ќе престанеме да јадеме леб како Балканци, тогаш, навистина сме далеку од европското семејство.

Статистиката покажува дека Македонците, од година в година се повеќе јадат леб. Лани едно домаќинство изело 272 килограми. Претходната, 2016, пак, на четиричлено семејство му биле доволни 10 килограми помалку, односно 262 килограми.

И анкетата и статистиката покажуваат дека Македонците се лебари, но можат да преживеат без месо. На македонската трпеза најзастапено е пилешкото. Годишно, едно домаќинство јаде 45 килограми пилешко и 22 килограми свинско месо.

Но проблем да обезбедат храната, и по еден оброк на ден, имаат над 400.000 граѓани. Во истовреме граѓанските организации пресметаа дека во земјата на депониите се фрла околу пет и пол тони храна.

Коментари

коментари