четврток, 18 април, 2019
Читај » ЕКОНОМИЈА » Дваесет години евро валута

Дваесет години евро валута

Во вторник, еврото ќе наполни 20 години, за време на кое преживеа голема криза и трајно се устоличи во финансиските пазари и во европските паричници. Но, без поблиска интеграција на еврозоната, предодредено му е да остане џин на климави нозе, предупредија аналитичарите.

Роден на 1 јануари 1999 година, еврото првично беше само виртуелна валута што се користеше во сметководствените и финансиските трансакции.

Физичка реалност стана три години подоцна, а еврото денес го користат повеќе од 340 милиони луѓе во 19 европски земји.

Валутата не беше веднаш прифатена и кај многу земји нејзиното воведување беше доживеано како несакано зголемување на цените. Во Германија еврото дури доби и прекар “teuro”, што на германскиот значи – скапо.

Но, луѓето брзо добија поедноставно патување и водење прекуграничен бизнис без валутни флуктуации.

Испитувањето на јавното мислење спроведено во ноември од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) покажа дека 74 проценти од еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ, а 64 проценти изјавиле дека тоа е добро за нивната земја.

“Еврото е вкоренето во населението, дури и антиестаблишментот мора да признае”, рече Николас Верон, научник тинк-тенк Бројгел во Брисел и институтот Петерсон за меѓународна економија во Вашингтон.

Еврото сега е втора светска валута, иако сé уште не може да ја доведе во прашање доминацијата на американскиот долар.

Коментари

коментари