Читај » МАКЕДОНИЈА » Свинско месо за празниците ќе има

Свинско месо за празниците ќе има

Месо за празниците ќе има. Иако работат на граница на рентабилноста и со сегашната откупна цена од 80 килограми жива мера одвај ги покриваат трошоците одгледувачите на свињи велат дека нивното месо нема да се продава поскапо.

„Мора да ги почитуваме економските законитоски, цената во Европа е толку, и да работиме во загуба не смееме да ги покачеме цените, ќе има увиз на свинско месо и нашето месо ќе остане“ – вели Ефтим Шаклев претседател на Асоцијација на земјоделци.

За производителите на свинско месо сепак главен проблем не е цената, туку увозот на замрзнато месо. Тврдат дека многу често граѓаните се измамени бидејќи наместо свежо купуваат месо што во државата било увезено како замрзнато.

Токму построгата контрола на увозот и неговото декларирање, не само во продажба туку и во угостителските објекти е едно од барањата што Групацијата на производители на месо ги достави до Владата уште пред два месеци.

„На кого му смета тоа, дали на тие што шверцуваат и што ги мамат потрошувачите или на некој друг“ – смета Шаклев.

Засега целокупното производство на свежо свинско месо останува на домашниот пазар. Причина е вакцинацијата против свинската чума, па на излез на европските пазар може да се надеваат дури по 2020 година.

Коментари

коментари