вторник, 20 август, 2019
Читај » ЕКОНОМИЈА » Марк Закерберг е бизнисменот со најмногу загубено богатсво во 2018 година

Марк Закерберг е бизнисменот со најмногу загубено богатсво во 2018 година

Многу милијардери изгубиле дел од своето богатство во турбулентната година која полека изминува, а најголемиот губитник помеѓу нив е директорот на компанијата “Фејсбук”, Марк Закерберг, кој поради скандалите и лошиот публицитет е “полесен” за 18,7 милијарди долари, пишува списанието “Форбс”.

Од друга страна, директорот на компанијата “Амазон”, Џеф Безос е најголем добитник бидејќи во новата година ќе влезе побогат за 27,9 милијарди долари, односно со вкупно богатство од 126,2 милијарди долари. По Безос следува јапонскиот милијардер Тадаши Јанаи кој благодарение на своите акции на компанијата “Уникло” остварил заработка од седум милијарди долари.

На третото место на најголеми добитници се наоѓа извршниот директор на нафтената компанија “Лукоил”, Вагит Алекперов кој остварил профит од 4,6 милијарди долари.

На листата на губитници, по Закерберг следува Амансио Ортега, основачот на компанијата “Индитекс” кој изгубил 16,2 милијарди долари како резултат на лошите деловни извештаи. Оваа година од 14 милијарди долари се опрости и Џорџ Шефлер, основач на “Шефлер Аутомотив”, а како што наведува “Форбс”, падот на продажбата на автомобили во Европа и Кина очигледно влијаело и на произведувачите на гуми и автомобилски делови.

Коментари

коментари